Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 октомври 2011
Одбојкарките на Форшпед во дербито од првото коло, ја совладаа екипата на Форца Волеј во тај брек со 3:2 (25:23, 25:11, 15:25, 18:25, 15:9), по двочасовна голема борба. Двете екипи имаа свои периоди во играта, Форшпед поведе со 2:0, Форца Волеј израмни на 2:2,, а домаќинките засилени со две српски одбојкарки Петровиќ и Васиљевиќ во петтиот сет со сигурна игра, дојдоа до победа за голема радост.
Така велешанки единствени во изминатите две години во женската одбојка можат да се пофалат дека го победиле освојувачот на двојните круни, првенството и купот. Форшпед повторно успеаја да му нанесе пораз на големиот фаворит екипата на Форца Волеј откако претходно победи и во есента 2009-тата а оттогаш скопјанки не знаат за загубен натпревар.
Tweet |